168
Брера Струмица промовираше ново засилување, искусниот Антонио Каланоски потпиша за струмичкиот тим.
„Искусниот напаѓач Антонио Каланоски e новото име во редовите на нашиот прв тим. 30 годишниот фудбалер со потекло од Охрид , потпиша договор за нашиот клуб за следната натпреварувачка сезона откако во последната настапуваше за кратовски Силекс“, се вели во соопштението на Брера.
Каланоски минатата сезона играше за Силекс за кој постигна девет гола на 31 натпревар.
Покрај за Силекс, тој има играно за Гостивар, Шкупи, Беласица, Борец, Победа.
„Честа е голема да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот тим и клуб“, кажа Каланоски.