Анелка со порака до Мбапе: Во Мадрид нека заборави на една работа

by Стефан
2 минути читање

Во 1999 година Николас Анелка како голема фудбалска ѕвезда се пресели во Реал Мадрид, меѓутоа по само една сезона стана јасно дека ангажманот ќе биде фијаско за двете страни.

Французинот не се снајде и не успеа да го издржи притисокот кој го имаше. По 19 одиграни натпревари Анелка се врати во ПСЖ. Сега од ПСЖ во Реал Мадрид премина Килијан Мбапе, а Анелка го искористи своето искуство да зборува на таа тема.

„Што би го советувал: Ништо. Колку што јас знам тој веќе знае да зборува шпански јазик и тоа е најтешката работа кога одите на нова дестинација. Знам како ми беше кога отидов во Арсенал и морав да учам англиски, тој веќе го има совладано јазикот и тоа му е голема олеснителна околност“.

Потенцираше и на што треба да заборави.

„Можам да му кажам дека ако мисли дека мирно ќе живее во Мадрид и слободно ќе шета по улиците, нека заборави тоа. Мислам дека веќе не можеше слободно да се движи и низ Париз, во Мадрид ќе му биде уште „полошо“ во таа смиал. Ќе сакаат да зборуваат со него, да направат селфии…го чекаа навистина долго. Најдобро ќе му биде да седи дома“.

Верува дека Мбапе е како создаден играч за Реал.

„Килијан за мене е идеален играч за Реал Мадрид. Пред 20 години фудбалот беше поинаков и можеби тогаш немаше да биде добар. Но, денес тој ќе биде перфектен за системот на Анчелоти. Играта на Реал се базира на брзина и има многу млади играчи. Кога тоа ќе се дополни со интелигенцијата на Анчелоти добиваме перфектен коктел“, објасни Анелка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани