157
Англија со 2-0 славеше на гостувањето кај Ирска во Даблин, а головите ги постигнаа Деклан Рајс и Џек Грилиш.
За ирските навивачи Рајс и Грилиш се „змии“ бидејќи во младинските категории настапуваа за нивната репрезентација, за селекцијата на Ирска, но кога требаше да бираат за кој сениорски состав ќе играат, ја одбраа Англија.
Таков транспарент осамна на трибините, а за болката на Ирците да биде поголема, токму Рајс и Грилиш ги постигнаа головите за Англичаните.
Рајс даде гол во 11. минута и не се радуваше поради почит кон Ирска, Грилиш погоди во 26. минута, за разлика од неговиот соиграч, тој немаше проблем да се израдува на погодокот.