Англија со 3-0 ја совлада Грција на гостински терен и се одмазди за сензационалниот пораз кој го доживеаа од оваа репрезентација на Вембли со 2-1.
Оли Воткинс уште во седмата минута ја најави победата кога донесе водство за Англија од 1-0.
Влакодимос во 78. минута си постигна автогол, а пет минути подоцна Џонс реализираше за конечни 3-0.
The England national team looks alive today. The Jude Bellingham goal was insane. pic.twitter.com/jfXgv30461
— Iam_KT (@Iam_KT) November 14, 2024
Во другите натпревари од Лига Б, Норвешка со 4-1 славеше на гостувањето кај Словенија, Ирска со 1-0 ја победи Финска, а Австрија со 2-0 славеше кај Казахстан.
Италија со 1-0 славеше на гостувањето кај Белгија со гол на Тонали уште во 11. минута од натпреварот. Тоа беше меч од А лигата.
Таму се одигра уште и натпреварот меѓу Франција и Израел кој заврши без голови 0-0.