311
Селекторите на репрезентациите веќе ги објавуваат списоците на фудбалери на кои ќе сметаат за Европското првенство во Германија, па така започнуваа да се прогнозираат и шансите на репрезентациите.
Сајтот „Beeting Odds“ во проценти ги објави шансите на учесниците да дојдат до европскиот трон.
Според нивната пресметка најголеми шанси за освојување на турнирот во Германија и репрезентацијата на Англија на која и се даваат 23.8% шанси за успех, потоа следи Франција со 20%, па домаќинот Германија со 14.3%, Португалија со 10.5%, Шпанија 9.52’…
Репрезентацијата на која и се даваат најмали шанси е Грузија со 0.1% од регионот највисоко котира очекувано Хрватска со 1.96%, Србија има скромни 0.58%.