„Англија е ср*ње од репрезентација, има врвни играчи, а игра така лошо…“

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Англија не се покажа во вистинско светло на Европското првенство, но и покрај бледите партии ќе игра во финалето на турнирот во Германија.

Во полуфиналната фаза „Гордиот Албион“ беше подобар од Холандија со 1-2, со нов гол во судиското продолжение. Критиките не стивнуваат иако играта беше за нијанса подобра од претходно. Во низата се приклучи и легендата на Холанѓаните, Рафаел ван дер Варт кој во едно телевизиско гостување во својата земја даде интересна изјава.

Англија е ср*ње од репрезентација. Имаат врвни играчи, а играат така лошо, како да не им се прави ништо. Не покажа ниту Холандија премногу, мораше повеќе. Сепак, Англичаните имаат таков квалитет и покрај тоа не ги мрдаат своите задници од својата половина. Тажно е“, изјави Ван дер Варт.

Овој коментар англиската јавност го прифати како огорчена реакција за елиминацијата во полуфиналната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани