Специјализираниот англиски фудбалски сајт „Фор-фор-ту“ направи ранг листа на сите селектори кои ќе бидат на престојното Европско првенство, според овој магазин на дното како најлош е селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.
Пикси е на последното 24. место, а во објаснувањето стои дека тој ги тренирал само Нагоја и Гвангжу.
„Одигра 84 натпревари за Југославија, Драган Стојковиќ ја презема Србија во 2021 година и ја однесе на Светско првенство 2022. Поранешниот играч од средниот ред на Црвена звезда и Марсеј претходно тренирал клубови само на далечниот исток Нагоја и Гвангжу“, стои во описот.
Ваквото потценување може да послужи како дополнителна мотивација за Пикси, Србија токму против Англија го отвора Европското првенство.
На првото место е Дидие Дешам, следуваат Лучано Спалети, Хулијан Нагелсман, Герет Саутгејт, Златко Далиќ е петти.
Целата рангл листа на селектори направена од „Фор-фор-ту“ може да ја погледнете на овој ЛИНК.