Англиски фан пред финалето направил шампионска тетоважа – не жали за тоа!

by riste
1 минути читање

Англија второ финале по ред загуби на Европските првенства, фановите од оваа земја се нестрпливи за да се дојде до голем трофеј, но тоа никако не се случува.

Еден англиски навивач по име Ден Томас од Свиндон на ногата го истетовирал трофејот од Европското првенство со натпис – Англија, победник на Европското првенство 2024 година.

Тетоважата ја направил пред финалето, а сега нема намера да ја тргне откако Англија не стана европски шампион.

„Без оглед на исходот, ми се допаѓа тетоважата. Бевме блиску до трофејот, не ми е жал што ја направив. Ако ништо, нема да биде тешко „четворката“ да стане „осмица“ кога за четири години ќе го освоиме Европското првенство. Апсолутно не жалам“, изјави навивачот за „Би-Би-Си“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани