Ангелче Тимовски се врати во Силекс

by riste
1 минути читање

Десниот бек Ангелче Тимовски повторно е член на Силекс, тој во Кратови се враќа од Гостивар.

Тимовски го напушти Гостивар како слободен играч и се врати во старото јато. Трансферот го потврди Силекс.

„29-годишниот Ангелче Тимовски е нов фудбалер на Силекс кој доаѓа од ФК Гостивар. Тимовски за нашиот клуб има досега настапено над 200 натпревари, на кој има запишано 18 асистенции и постигнато 3 гола во Прва МФЛ“, стои во соопштението на кратовскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани