Аморим: Судбината сакаше да се збогувам на ваков начин

by riste
1 минути читање

Рубен Аморим за последен пат го водеше Спортинг во Лисабон, а на тој меч го победи Манчестер Сити со 4-1, резултат кој е неверојатен доколку се знае силата на англискиот шампион.

Фановите на Спортинг му приредија фантастично испраќање на Аморим, а по крајот на мечот тоа го направија и фудбалерите. Шлаг на целата атмосфера беше резултатот против Манчестер Сити, се чини дека не ни можеше да посакува подобро збогување со Лисабон.

„Не можеше подобро од ова. За разлика од другите натпревари, сега со нас беше и среќата. Првото полувреме беше многу тешко, имаше и многу нервоза. Но, како се приближуваше полувремето, работите се подобруваа. Многу ни помогнаа двата брзи гола на почетокот од второто полувреме кои го сменија текот на натпреварот. Мислам дека судбината сакаше да се збогувам на ваков начин“, вели Аморим.

Аморим има уште еден натпревар на клупата на Спортинг, тоа е гостување кај Брага во шампионатот на Португалија, од 11 ноември се сели во Манчестер каде ќе го почне новиот голем предизвик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани