Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим открива дека добил порака од Жозе Мурињо, и порача дека тој е правиот човек за „ѓаволите“.
Рубен Аморим денеска се појави пред новинарите во пресрет на неговиот прв натпревар на кормилото на Манчестер јунајтед и пресметката против Испвич.
„Добив порака од Жозе Мурињо, ми кажа дека ова е голем клуб, со љубезни луѓе и навистина е така“ – вели Рубен Аморим.
Но тој веднаш порача дека не треба да биде споредуван со неговиот сонародник, кој седеше на клупата на Олд Трафорд од 2016 до 2018.
„Јас сум различен од Мурињо, се надевам дека ќе им пренесам нешто поразлично на играчите“.
„Јас сум различен човек, во поразличен момент а и фудбалот е во поразличен момент“.
„Јас сум млад и ги разбирам фудбалерите, ќе го искористам тоа за да им помогнам, како што Мурињо им помогна на играчите во Челси“.
„Сметам дека сум правиот човек за Манчестер јунајтед во овој момент. Можеби мислите дека сум наивен, но навистина верувам дека сум правиот човек“.