Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим со фантастична победа се збогува со фановите на Спортинг и тоа изборена над неговиот иден голем ривал, Манчестер Сити.
Тимот на Пеп Гвардиола доживеа тежок дебакл во Лисабон, Спортинг победи со неверојатни 4-1.
Фоден уште во четвртата минута донесе водство за Манчестер Сити и ништо не најавуваше каков ќе биде крајот на мечот.
Во 38. минута Гјокерес даде гол за израмнување на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.
Второто полувреме Спортинг го почна фуриозно. По само неколку секунди Араухо донесе водство на португалскиот тим од 2-1.
Веќе во 49. минута бшее 3-1, Гјокерес го постигна својот втор гол на мечот, овојпат од пенал.
Во 69. минута и Манчестер Сити имаше шанса од пенал да се врати во игра, но Халанд не реализираше.
Конечните 4-1 ги постави Гјокерес во 81. минута за негов хет-трик. И овој гол беше од пенал.
Рубен Аморим денеска се испрати со фановите на Спортинг Лисабон, ќе го води тимот и во дербито против Брага, но тој меч се игра на гостински терен. Потоа се сели во Манчестер јунајтед.
A despedida perfeita. Obrigado por tudo, meu Mister! 💚 pic.twitter.com/YkjNScARX3
— Sporting Things (@Sporting_Things) November 5, 2024