146
Преодниот рок во Европа заврши, но и натаму трае во Саудиска Арабија.
Тоа сака да го искористи Ал Итихад, кој испрати официјална понуда до Арсенал за „џокерот“ на Микел Артета, Леандро Тросар.
35-милиони евра се понудени на „топџиите“ за да го пуштат крилниот фудбалер да замине по крајот на преодниот рок. Треба чудо да се случи Артета и Арсенал да му дозволнат на Тросар да замине, особено во момент кога не можат да доведат замена. И покрај тоа, Белгиецот е важен дел од ротацијата на лондонскиот клуб.
Ал Итихад е близу да го потпише Данило Переира од редовите на ПСЖ.