Алчевски: Полска е квалитетна колку и Холандија и Шведска!

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го одржува подготовките за престојните два пријателски натпревари против Полска и Босна и Херцеговина.

Избраниците на Канатларовски на 1. јуни играат со Полска во Радом, а четири дена подоцна со Босна и Херцеговина во Кониќ.

Стандардниот голман на македонската репрезентација до 21 година, Марко Алчевски го кажа своето видување за престојните мечеви.

„Подготовките и тренинзите се одвиваат во најдобар ред, сите фудбалери сме подготвени да одговориме на задачите кои ни се дадени од селекторот и неговиот стручен тим“, вели Алчевски.

„Иако се работи за контролни мечеви, не очекуваат два исклучително тешки тестови. Полска е репрезентација која со својот квалитет е на рамниште како Холандија и Шведска. Тоа е мотив плус за нас да одиграме добар натпревар и да се надигруваме со силен противник“.

„Мораме да го подобриме пристапот и фокусот во одредени моменти од мечот и да ги сведеме грешките на минимум, бидејќи секоја квалитетна селекција ја користи секоја можна слабост во модерниот и брз фудбал“.

„На овие контролни натпревари ќе се обидеме да се подобриме што е можно повеќе во сите сегмени од играта и да ја вратиме самодовербата по неколкуте лоши резултати, да се воиграме подобро и да покажеме и докажеме дека победата во провото коло против Шведска на гостински терен не беше случајна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани