Алонсо: Реално е дека Баерн секогаш е прв фаворит во Бундеслигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Новата сезона во Бундеслигата стартува овој викенд. Шампионот Баер Леверкузен ќе има мета на својот грб и претешка мисија, да успее вторпат да го задржи Баерн Минхен зад себе.

Дека нема да биде лесно е свесен и тренерот Чаби Алонсо. Иако „фармацевтите“ го задржаа тимот, доведоа и неколку засилувања, сепак шпанскиот стратег е реален дека прв фаворит за трофејот е Баерн.

Зад нас имавме успешна сезона и уште не држи расположението од освоената титула. Мисијата ќе биде сега уште потешка, сите ќе очекуваат од нас да продолжиме со фантастичните партии. Ќе дадеме максимум од можностите за повторување на успехот. Сепак, реалноста е дека Баерн Минхен секогаш е прв фаворит за трофејот во Бундеслигата. Тие се гигант кој располага со голем буџет, најдобри фудбалери. На нас е да се обидеме пак да направиме успеси со Баер Леверкузен“, изјави Шпанецот.

Баер Леверкузен имаше неверојатна сезона во која заврши без пораз во Бундеслигата и Купот, а првпат загуби од Аталанта во финалето на Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани