125
Новајлијата во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Беса 1976 се пофали со уште едно ново име.
Станува збор за Алмир Реџепи. Левиот бек кој има 23 години е повратник во редовите на клубот од Добридол, бидејќи од јули 2021 до јануари 2023 година ги бранеше клупските бои.
Оттогаш Реџепи беше дел од Шкендија, но сега го прекина договорот и ја засили Беса за походот во ПМФЛ.
Инаку, Алмир Реџепи потекнува од школата на Шкендија, претходно беше позајмен во Велазерими, а беше и дел од Гостивар. Сега повторно ќе игра за еликата на Беса, но овојпат меѓу прволигашите.