Tијаго Алкантара одлучи да го напушти фудбалот на 33 години поради низата повреди со кој се соочуваше, но веднаш би можел да започне тренерска кариера.
Како што пренесуваат бројни каталонски извори, новиот тренер на Барселона, Ханси Флик го контактирал Тијаго и му предложил да биде негов помошник.
Осум години помина Тијаго во „Ла Масија“, но во 2013 година одлучи да направи трансфер кај Пеп Гвардиола во Баерн Минхен. Сепак, бројните повреди беа причина да го исполни својот потенцијал.
Алкантара и Флик одлично се познаваат бидејќи имаа одлична соработка во сезоната 2019/2020 кога шпанскиот фудбалер беше МВП во финалето од Лигата на шампионите.
Тијаго го познава германскиот јазик, но и филозофијата на Барселона, па затоа Флик сака да го има покрај себе.