135
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер зборувајќи за новиот формат од Лигата на шампионите се пожали за големиот број на натпревари кои го имаат фудбалерите.
УЕФА и ФИФА постојано додаваат натпревари во календарот кој ионака е густ, фудбалерите често се жалат, но тоа нема ефект.
Новата сезона во Лигата на шампионите започнува денеска и таа ќе донесе два натпревари повеќе за екипите отколку претходната верзија на натпреварувањето.
„За навивачите е неверојатно. Но, никој не ги прашува фудбалерите што мислат за додавањето на повеќе натпревари. Можеби нашето мислење воопшто не е важно“, се пожали Бекер.