Алими: Повеќе нема пријателски натпревари, сега треба да победуваме!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за натпреварите против Фарски Острови и Ерменија во Лигата на Нации, а изјава за медиумите денеска даде фудбалерот од средниот ред Исник Алими.

Македонија првиот натпревар го игра против Фарски Острови во Торшван, а Алими не го потценува противникот, иако нашата репрезентација влегува како фаворит во тој дуел.

 „Сега повеќе не се пријателски натпревари, ова е Лига на Нации и мораме да победиме. Знаеме што треба да правиме на теренот, ќе биде тешко, нема лесни противници. Наша цел се трите бода и тоа е се што не интересира. Имаме добри фудбалери кои играат во силни лиги, одиме таму да ја играме нашата игра и да победиме. Не е исто како кога играте против големи репрезентации, играат затворено и колку побрзо постигнеме гол, толку полесно ќе биде за нас“, изјави Алими.

Натпреварот против Фарски Острови го играме на 7 септември, додека три дена подоцна ќе ја пречекаме Ерменија во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани