12
Според дел од италијанските медиуми, легендарниот Алесандро Дел Пјеро би можел да влезе во трката за наследник на Габриеле Гравина на позицијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија.
Најавите се дека Дел Пјеро е располжен да се кандидира, а наводно веќе и има поддршка од повеќе клубови.
Нов претседател на ФИГЦ ќе се избира на 3 февруари 2025 година во Рим и засега не е познато дали Гравина ќе истакне кандидатура за нов мандат.
Како фудбалер Дел Пјеро речиси целата своја кариера ја помина во редовите на Јувентус каде што долго години беше и капитен и денес држи бројни рекорди, па така навивачите на овој клуб секако дека би сакале да го видат на чело на италијанскиот фудбал.