Александар Ставрев стави крај на судиската кариера!

by riste
1 минути читање

Денешниот натпревар од ПМФЛ меѓу Пелистер и Беса беше последен за Александар Ставрев како главен судија, тој заминува во пензија.

Ставрев важеше за најдобриот македонски судија кој судеше на бројни натпревари под организација на УЕФА, мечеви во Лигата на шампионите, Лига Европа, квалификации за ЕП и СП, Лига на нации…

Заедно со Ставрев во пензија замина и помошникот од неговиот тим, Дејан Костадинов.

Во Битола денеска пред почетокот на мечот меѓу Пелистер и Беса, претседателот на битолскиот клуб, Митко Стојковски им врачи подароци на Ставрев и Костадинов како благодарност за нивниот допринос за македонскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани