Алварез сака да замине од Сити, не му се допаѓа времето во Англија!

by riste
1 минути читање

Хулијан Алварез побарал да биде продаден од Манчестер Сити, на Аргентинецот му треба сонце повеќе отколку што го има во Англија.

Тоа била причината која Алварез му ја соопштил на раководството на клубот, тој и неговото семејство сакале место со потопла клима.

Но, се верува дека вистинската и најголема причина зошто Алварез не е среќен во Сити е дека не ја добива минутажата од Гвардиола која ја посакува.

Халанд е неприкосневен во нападот, а Алварез е стартер кога Норвежанецот ќе се повреди или кога Пеп ќе одлучи да игра со двајца напаѓачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани