Алварез ги казни промашувањата на Селта и донесе победа за Атлетико (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Последниот натпревар од шпанската Ла Лига беше одигран во Виго каде што Атлетико како гостин славеше над Селта со 0:1 и за „јорганџиите“ ова беше четврти триумф, додека Селта го претрпе четвртиот пораз.

Во првото полувреме Атлетико не упати ниту еден шут кон противничкиот гол, па така и не видовме погодоци.

Второто полувреме донесе нешто повеќе шанси за „јорганџиите“, но Селта создаваше повеќе прилики.

По промашувањата на Селта стигна казната во 89. минута, а во листатан а стрелци се запиша Алварез по асистенцијата од Гризман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани