Албанските навивачи се тепаа со Србите, но со Хрватите се нарекуваат – браќа! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Во Хамбург денеска со почеток од 15:00 часот ќе се игра натпреварот од групата „Б“ на Европското првенство помеѓу Хрватска и Албанија.

Пред натпреварот низ Хамбург владее пријателско расположение на фановите на двете репрезентации.

Додека во претходните сведочевме на некои немили сцени на улиците посебно помеѓу српски и албански навивачи ситуацијата помеѓу Хрватите и Албанците е поинаква.

Навивачите на двете репрезентации заедно пеат на улиците и локалите и се во исчекување на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани