332
Натпреварот од второто коло на Европското првенство меѓу Хрватска и Албанија заврши без победник (2-2), а за време на истиот имаше доста недолични скандирања.
Во текот на мечот се извикуваа пароли за смрт на Србите, додека по крајот на дуелот имаше и навреди кон Македонија. Мирлинд Даку дојде пред трибината на која беа сместени најголем број на албанските навивачи, го зеде мегафонот и почна да повикува.
Даку започна песна во која се пцујат Македонците. Останува да се види дали УЕФА ќе реагира и ќе подели казни, бидејќи навивачите на трибините имаа многу недолични довикувања.