Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси по вчерашната елиминација на Србија потврди дека нема да поднесе оставка, а нема да добие ниту отказ.
Непосредно пред Европското првенство Пикси потпиша договор со Србија до 2026 година и како што дознава „Спортклуб“ него го штити клазула од дури еден милион евра.
Пред почетокот на Европското првенство се водела битка околу неговото продолжување на договорот, а еден од главните противници му бил потпретседателот на ФСС, Бранислав Недимовиќ. На Пикси му бил понуден договор во кој имало клазула со елиминација во групната фаза автоматски да добие отказ.
Но. Пикси цврсто останал на својот став и го „истерал“ своето во договорот да нема такво нешто.
Сега ако ФСС во некој случај одлучи предвреме да го раскине договорот ќе треба да му плати еден милион евра.