Ако се пласираат во финалето Куман сака таму да играат против Шпанија, објасни и зошто

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Холандија вчера ја победи Турција и така се пласираше во полуфиналето каде што ја чека Англија.

Селекторот на Холанѓаните, Роналд Куман беше задоволен од она што го прикажале неговите фудбалери на теренот.

„Одигравме одлично. Добро го почнавме натпреварот, меѓутоа како што одминуваше времето тие почнуваа подобро да се бранат. Сепак, ние продолживме да играме на ист начин и најдовме начин како да го скршиме отпорот. Овој успех е нешто посебно за цела нација. Сега сме во полуфиналето со репрезентации како Англија, Франција и Шпанија и поради тоа многу сме горди“, изјави Куман.

Куман не криеше и дека ако се пласираат во финалето сака таму да играат против Шпанија.

„Среда ќе биде голема ноќ, историска. Ако се пласираме во финалето, би сакал таму да играме против Шпанија бидејќи Франција веќе ја имавме во групата. Но, за нас најважно е да се фокусираме на нашиот натпревар и да одиграме најдобро што можеме во полуфиналето.

Англија е квалитетна селекција со одлични играчи, но и ние имаме свои квалитети. Стигнавме до полуфиналето, а ретко кој тоа го очекуваше од нас пред почетокот“, додаде холандскиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани