285
18-годишниот француски дефанзивец од Лил се сели во Манчестер јунајтед, тој го преферираше Реал Мадрид, но работите се променија.
Тактиката на Реал Мадрид беше Јоро да остане уште една сезона во Лил, по што ќе му истече договорот со францускиот клуб и како слободен играч ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу.
За разлика од Реал Мадрид, Манчестер јунајтед ја понуди бараната сума од Лил, фудбалерот најпрво одбиваше да потпише за англискиот клуб, но подоцна прифати.
Според „Марка“, клучни биле заканите кој ги добил од Лил, од францускиот клуб му рекле дека ако не потпише за Манчестер јунајтед, нема да игра цела сезона.