Англискиот селектор Герет Саутгејт зборуваше за тоа што ќе се случи ако неговата селекција пак потфрли и не го освои Европското првенство.
Саутгејт зборуваше за тоа дека Англичаните некое време се близу, но не успеваат да дојдат до голем трофеј. Според него, доколку и сега не успеат – тој си заминува од клупата на репрезентацијата.
„Ако не го освоиме Европското првенство, повеќе нема да бидам селектор на Англија. Ова е можеби мојата последна шанса. Мислам дека половина од селекторите ќе се сменат по шампионатот, тоа е судбината. Тука сум речиси осум години, бевме доста близу. Си велам ќе биде, близу сме, но понекогаш губам верба. Ако сакаме да сме голема репрентација, а јас врвен тренер – потребни се резултати на големите натпреварувања“, изјави Саутгејт.
Англија на Европското првенство во Германија патува како прв фаворит за освојување на трофејот. Сепак, така беше и на претходниот континентален собир, а и на Светското првенство пред две години во Катар.