388
Гласни се шпекулациите дека Лапорта е бесен на Чави по неговата изјава и сака да го отпушти и покрај тоа што неодамна се договорија да продолжат заедно и следната сезона.
Односот меѓу двајцата е нарушен, а доколку Лапорта се реши да му даде отказ на Чави, ќе треба да му исплати обештетување од 20 милиони евра, дел од таа сума е и за стручниот штаб.
Претходно Чави велеше дека нема да бара пари од Барселона ако замине, но овојпат ситуацијата е друга, не би заминал по своја желба, а тоа може да ги промени работите.