Ади Алиќ ново засилување за нападот на Силекс

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалскиот клуб Силекс се пофали со уште едно ново засилување за следната натпреварувачка сезона во ПМФЛ.

Во таборот на кратовчани пристигна Ади Алиќ. Се работи за 22-годишен напаѓач кој потекнува од Босна и Херцеговина.

Во редовите на Силекс, Алиќ доаѓа од редовите на Ахиронас Онисилос на Кипар. Претходно тој беше дел од Слобода Тузла и Слобода Нови Град. Во дресот на кипарскиот клуб минатата сезона даде седум гола на исто толку натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани