Македонскиот фудбалер Аријан Адеми во вчерашниот натпревар на Динамо Загреб постигна гол против Осијек кој беше доволен овој тим да слави победа од 1:0 во рамките од 34. коло. Поважно за Динамо беше што со овој триумф тие ја обезбедија шампионската титула во Хрватска.
По натпреварот Адеми зборуваше на прес-конференцијата пред новинарите, а беше искрен и истакна дека не е најзадоволен од формата со која играл.
Како најтежок момент во целата сезона, Адеми го избра поразот од Локомотива.
„За мене најтежок беше поразот од Локомотива. Се чувствуваме спремни, дојдовме на натпреварот сигурно дека ќе победиме, па веројатно тоа ни се удри од глава и изгубивме. Се чувствувавме моќно пред и во текот на натпреварот, но тешко е да се објасни што се случи во пет минути. Натпреварот отиде во погрешна насока“.
Aдеми го напушти Динамо во март 2023 година и се пресели во кинескиот Пекинг Гуан, меѓутоа по само неколку месеци се врати назад. Во актуелната сезона на 29 натпревари за Динамо постигна два гола.
„Искрено не сум задоволен од својата форма. Во секој натпревар влегував максимално, сакам да и помогнам на екипата колку што можам. Морате да знаете дека не сум Петковиќ и дека нема на противникот да му ја турнам топката низ нозете, ниту сум пак Оршиќ да постигнувам повеќе голови. Вие гледате на поинаков начин, очекувате голови од мене, но промашив многу зицери и затоа не сум задоволен. Ако ги погодев, формата ќе беше одлична“, изјави Адеми.