Динамо Загреб вчера забележа убедлива победа од 5:1 против Локомотива, а во овој натпревар гол постигна и поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми.
Адеми кој беше стрелец на третиот гол е оптимист дека со Бјелица Динамо ќе дочека подобри денови.
„Бјелица е одличен тренер и знае што треба да направи, ние ќе го следиме. Не треба да заборавиме и дека Јакировиќ оствари големи работи, освои две тиули, не внесе во Лигата на шампионите и секако има големи заслуги за тие резултати“, изјави Адеми.
Во среда Динам ого очекува нов натпревар во Лигата на шампионите каде што по дебаклот против Баерн Минхен од 9:2 ќе игра против Монако.
„Лигата на шампионите е поинакво натпреварување. Секоја ваша грешка таму се наплаќа. Се надевам дека тренерот добро ќе не подготви. Навивачите нема да ги повикувам, само ќе им кажам дека ќе се бориме и ќе гинеме за овој клуб. Верувам во подобри резултати“, истакна Адеми.