Агрон Руфати пронајде нов клуб

by Стефан
0 минути читање

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Агрон Руфати пронајде нов клуб откако се раздели со Брера.

Руфати си замина од ПМФЛ и одлучи да продолжи во Албанија каде што потпиша договор со Динамо Сити.

Овој тим имаше лош почеток на сезоната со два порази и 25-годишниот дефанзивец пристигнува со цел да ја зацврсти одбраната.

Низ кариерата Руфати играше за Зорија од Украина и Истра, Локомотива и Динамо од Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани