233
Беше Бохум на чекор од испаѓање од германската Бундеслига откако сезоната ја завршија на 16. место.
Со таа позиција тимот на македонскиот фудбалер, Агон Елези мораше да игра бараж за опстанок.
Во првиот натпревар Фортуна Дизелдорф славеше победа од 3:0, но во реваншот успеаа да ја надополнат негативата и да изборат опстанок.
Сепак, тоа не беше доволно тренерот Хенк Бушер да остане клупата и на негово место денеска беше промовиран Петер Зидлер.
Станува збор за искусен тренер кој има 61 година и пред Бохум шест сезони го водеше швајцарски Сент Гален.
Со Бохум Бушер потпиша двегодишен договор.