Агонијата на Реал продолжува, повреда има уште една ѕвезда

by 24 фудбал
1 минути читање

Агонијата на Реал Мадрид со повреди продолжува, а пред овој викенд Карло Анчелоти доби вести за уште една ѕвезда.

Во дуелот со Жирона не можеше да смета на бразилскиот офанзивец Родриго. Тој има повреда на мускулите која го мачи во изминатиот период. Бразилецот веќе неколку пати сезонава добиваше ситни повреди поради кои пропушташе натпревари.

Сега освен пропуштениот меч против Жирона, се очекува Родриго да го скокне и мечот со Аталанта во Лигата на шампионите.

Освен Родриго, Анчелоти не може да смета на Давид Алаба, Едуардо Камавинга, Дани Карвахал, Едер Милитао и Винициус Жуниор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани