Утрово се појави најава за бомбастична трампа меѓу Челси и Наполи, а во неа вклучени беа Виктор Осимен и Ромелу Лукаку. Најавите беа дека Лукаку оди во Неапол како перманентен трансфер, додека Осимен би бил на едногодишна позајмица, но Челси би имал право да го откупи неговиот договор.
Тоа сериозно го разлути агентот на нигерискиот напаѓач. Изјавата на Календа во видот на демант го обиколи светот. Тој нагласи дека Осимен не е некаков „пакет“ па да биде позајмен, туку главниот играч кој на Наполи му донесе титула пред две сезони.
„Прочитав за некаква имагинарна трампа во која се споменува Виктор… Како тој да е некаков пакет и треба набрзина да се пренесе. Овој „пакет“ е најдобриот стрелец на патот до третото скудето во историјата на Наполи. Ве молам за респект и престанете со лажните вести“, изјави Календа.
Реалноста е дека Осимен нема да се задржи во Наполи, а и дека клубот го сака Лукаку како негова замена. Поради тоа и се „роди“ приказната за размената.