Српскиот фудбалер Лазар Самарџиќ се обидува да „помогне“ за да го комплетира трансферот од Удинезе во Милан.
Поучен од минатите искуства, офанзивниот играч за врска направи преседан. Имено, минатата сезона му пропадна трансфер во редовите на Интер, бидејќи откако сè беше договрено неговите претставници на чело со татко му ги сменија условите и „нераѕурите“ го одбија тоа. Младиот играч остана во Удинезе и сега повторно се обидува да направи трансфер.
Самарџиќ во преговорите сега ќе се претставува самиот себеси. Тој веројатно смета дека тоа е најдобра шанса за да направи трансфер во редовите на Милан ова лето.
Разликата во побарувачката и понудата е меѓу пет и десет милиони. Милан нуди 15-20, додека Удинезе постави цена од 25 милиони евра за Лазар Самарџиќ.