Абердин ја одбил првата понуда на Еспањол за Бојан Миовски, таа не била доволно висока, Болоња и Џенова уште се обидуваат да дојдат до потписот на македонскиот напаѓач.
Шкотскиот клуб сака најмалку 6,5 милиони фунти за Миовски, а понудата на Еспањол била под оваа сума, по што експресно била одбиена.
Болоња и Џенова зборувале со претставници на Миовски во изминатите денови и се очекува да достават и конкретни понуди до Абердин. Не се исклучува ниту можноста Еспањол да се врати со нова, подобрена понуда.
Во меѓувреме, тренерот на Абердин, Џими Телин има пофалби за однесувањето на Миовски во овој период.
„Ќе видиме, кога трансфер периодот е активен, не знаете што ќе се случи. Бојан уште е фудбалер на Абердин и се однесува така, како играч на Абердин. Моето чувство е, кога ќе го видам на тренинг и како се однесува во соблекувалната, се е перфектно“, вели тренерот на Абердин.