Џунтоли потврди дека Влаховиќ одбил нов договор и помала плата

by Стефан
1 минути читање

Во италијанските медиуми вчера се појави информација дека Душан Влаховиќ одбил обновување на договорот со помала плата, а сега во јавноста се огласи и спортскиот директор на клубот од Торино, Кристијано Џунтоли.

Влаховиќ има договор со Јувентус до 2026 година и според него заработува 12 милиони евра по сезона, но во Јувентус му предложија за подобрување на финансиската ситуација во клубот договорт да се продолжи на уште една година и да се намали платата на осум милиони евра.

Сепак, таквата понуда од Влаховиќ не била прифатен, меѓутоа Џунтоли верува дека решение ќе се најде.

„Кога во прашање е иднината на Влаховиќ, нема проблем. Верувам дека наскоро ќе најдеме решение. Таков играч не може да биде проблем. Нашата цел е нов договор и ќе успееме, тој е играч кој вреди и заработува многу, а тоа за нас е предност“, изјави Џунтоли.

Инаку, Влаховиќ од почетокот на сезоната е критикуван поради лошата форма бидејќи на пет натпревари во Серија А постигна два гола и тоа во натпреварот со Верона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани