157
Репрезентациите на Швајцарија и Шкотска одиграа нерешени 1-1 во рамките на второто коло на Европското првенство.
Стрелец за швајцарскиот национален тим беше Џердан Шаќири. Искусниот крилен фудбалер доби шанса од првата минута и даде навистина преубав погодок за израмнување.
Со тоа Шаќири стана единствен по еден параметар. Швајцарецот стрела на шест големи натпреварувања во низа (Европски и Светски првенства).
Низата на Шаќири почна на Светското во 2014 каде што постигна еден гол. По еден гол даваше и на Еуро 2016 и СП 2018, а потоа трипати стрела на Еуро во 2021 година. На Мундијалот во Катар Џердан Шаќири даде еден гол, па низата ја продолжи сега во Германија.