Џенаро Гатузо завршил на суд, сведочел во истрагата за италијански мафијаш

by Стефан
1 минути читање

Актуелниот тренер на сплитски Хајдук Џенаро Гатузо не можел да избегне судење и морал да се појави преку видео-линк на судењето поврзано за италијанскиот бизнимсен Паскале Мота.

Станува збор за човек кој во Италија важи за поврзан со мафијата и беше осуден на шестгодишна затворска казна и неговата одбрана го гледа Гатузо како еден од најважните сведоци во целиот случај.

Причината што Гатузо е повикан да сведочи е што Мота бил скриен партнер во компанија каде што и Гатузо имал акции.

„Се сеќавам дека не можеше да се запишат акциите на негово име затоаш то имаше проблем. На крајот беа запишани на Карло Болеро“, изјави Гатузо додавајќи дека Мота не ги подмирил долговите.

Претходно истрага се водеше и против Гатузо, меѓутоа набрзо се потврди дека тој не знаел за криминалот кој се случува во компанијата од страна на други лица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани