98
Њукасл Јунајтед му одолеа на шампионот Манчестер Сити и одиграа нерешени 1-1 (0-1) во рамките на шестото коло од Премиер лигата.
Натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ мина во знакот на гостинската екипа, меѓутоа „граѓаните“ не успеја да дојдат до цел плен против расположениот домаќин. Успеа четата на Гвардиола да дојде до предност во првиот дел. Стрелец за Сити беше Јошко Гвардиол во 35. минута, по асистенција од Грилиш (1-0).
Во второто полувреме Њукасл доби пенал, одговорноста ја презеде Ентони Гордон и погоди за израмнување (1-1).
До крајот подобар на теренот беше Сити, во финишот имаше и две шанси преку Бернардо Силва и Ерлинг Халанд, но голманот Ник Поуп одбрани.