116
Душан Влаховиќ е мета на критики за слабата голгетерска форма оваа сезона, дел од италијанските медиуми сметаат дека љубовните проблеми кои ги има Србинот во моментов се причината за тоа.
Весникот „Тутоспорт“ излезе со статија дека љубовта е причината поради која Србинот игра лошо.
„Неговата врска со Вања Богдановиќ е во криза и не е исклучено тие двајца да се разделиле. Центарфорот на Јувентус ги избришал сите фотографии со неа“, пишува весникот кој е од Торино и главна тема му е Јувентус.
Влаховиќ оваа сезона има дадено само два гола, двата против Верона на 26 август. Тој во моментов не игра ниту за српската репрезентација каде ги откажува повиците поради лични причини.