Приказната за поранешниот шампион на Премиер лигата, Дени Симпсон е доста интересна.
Пензионираниот поранешен фудбалер во последната година играше за аматерски клуб, а ова лето официјално се повлече од фудбалот. Врвот на кариерата му беше кога со Лестер во 2016 година го крена трофејот во Премиер лигата.
Се работи за фудбалер кој има 37 години и играше како десен бек, а потекнува од школата на Манчестер Јунајтед. Тој беше дел од тимот на „црвените ѓаволи“ од каде беше позајмуван во Блекбурн и Њукасл, а потоа играше за КПР, Лестер, Хадерсфилд и Бристол.
Сега Симпсон е подготвен да го има својот деби настап на аматерски боксерски турнир. Станува збор за „Misfits Boxing“ кој организира борби на јутубери, тиктокери, инфлуенсери и стримери, а своето место на турнирот во Даблин си го пронајде и Дени Симпсон.