150
Бразилската фудбалска селекција не котира најдобро во квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Јавноста во Бразил е загрижена, се прашува дали нивните омилени фудбалери ќе се пласираат на завршниот турнир. Додека многумина се прашуваат, селекторот Доривал Жуниор решително најави поголеми работи од само квалификација.
„Пласман? Не грижете се. Запаметете ги овие зборови, слободно цитирајте ги и држете ме на одговорноста.
Ние ќе играме финале на Светското првенство. Ќе бидеме финалист во 2026, сигурен сум во тоа“, изјави Доривал.
Бразил досега никогаш не пропуштил еден Мундијал, настапил на сите од самото основање на првенството на светот.