Ѕвездата на Ливерпул за 100 милиони евра станува сопственик на осумкратен француски шампион?

by Стефан
1 минути читање

Ѕвездата на Ливерпул и еден од најдобрите десни бекови во светот, Трент Александер Арнолд сака да го купи француски Нант што би било вистинска сензација. Има активни играчи кои поседуваат клубови, но не така големи.

Според информациите на „Л’Eкип“ Арнолд веќе влегол во сериозни преговори со сопственикот на Нант, Валдемар Кит.

Кит е сопственик на Нант од 2007 година и наводно сака да го продаде клубот. Информациите се дека 100 милиони евра би биле доволни за да го препушти раководењето осумкратниот францускиот шампион.

Наводно, тој би прифатил 80 милиони веднаш и уште 20 како кредит. Во целата операција би можела да бидат вклучени и бонуси во износ од дополнителни 40 милиони евра.

Инаку, Трент веќе е има акции во Формула 1 тимот, Алпин, па ова не би му било првпат да инвестира во спортот.

Сезонава во дресот на Ливерпул, Арнолд одигра пет натпревари во кои запиша една асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани