Поради неговата кариера во минатото Милко Ѓуровски често пати е во фокусот на српските медиуми, па така и сега даде интервју за „Моцартспорт“ во кое зборуваше за репрезентацијата на Србија на Европското првенство
Во таква ситуација неизбежен беше и негов коментар за ситуацијата помеѓу капитенот Душан Тадиќ и селекторот Драган Стојковиќ Пикси.
Ќе потсетиме, Пикси го остави Тадиќ на клупата, а по натпреварот капитенот јавно изрази незадоволство од таквата негова одлука. На Пикси не му се допадна таквиот потег на Тадиќ, па фудбалерот и се извинил за својот испад во медиумите пред соиграчите и селекторот.
За Ѓуровски нема ништо спорно во изјавата на Тадиќ, дури и тврди дека тој би постапил многу по радикално – не би влегол во игра!
„Не знам…навистина не знам каква е таа приказна околу Тадиќ и зошто се крева толкава галама. Човекот кажа дека го почитува селекторот, но дека би сакал да игра од почетокот. Па секој сака да игра, веројатно и такаа треба да размислува секој фудбалер. Зошто да го осудам? Ја слушнавте ли изјавата? Не навлегувам во тоа дали е најдобар…прво тој е капиутен. Кажа дека сака да игра од почеток и дека ја почитува одлуката. Не спомена дека е лут или дека нема да игра и слично. Во ред, седеше на клупата, потоа влезе. Јас на пример, не би влегол во игра.
Таков карактер сум. Не би влегол. Тој е мирен и фин дечко, само го кажа тоа што му беше на душата. Го знае тоа и Пикси и тој бил во такви ситуации“, изјави Ѓуровски.
Својот втор натпревар на Европското првенство, Србија го игра утре против Словенија од 15:00 часот во Минхен.