Шпанците смислиле посебен план за Модриќ – ќе го нервираат!

by Стефан
1 минути читање

До почетокот на Европското првенство остануваат уште само два дена, а Хрватска во сабота ќе го одигра првиот натпревар и тоа веднаш ќе биде големо дерби.

Хрватска на Олимпискиот стадион во Берлин ќе се соочи со Шпанија. Фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу пред овој натпревар даде една интересна изјава поврзана за Лука Модриќ.

Напаѓачот на шпанската репрезентација беше прашан од новинарите за дуелот со Хрватска и Лука Модриќ со кој е соиграч во Реал Мадрид, а Хоселу можеби случајно го откри планот на Шпанците за хрватскиот ветеран.

Според изјавата на Хоселу тие ќе се обидат да го исфрлат Модриќ од игра така што би го изнервирале.

“Лука Модриќ е најдобар. Има неверојатна желба и дух, одличен е како соиграч. Иако ова беше мојата прва сезона во Реал, тој ме третираше како да сум член на неговото семејство. За него имам само пофални зборови и голема благодарност. Тој е еден од најдобрите играчи во средниот ред, спеак можеме да го исфрлиме од игра така што го иритираме бидејќи е чувствителен“, изјави Хоселу.

Натпреварот меѓу Шпанија и Хрватска се игра во Берлин во сабота од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани