Фудбалскиот сојуз на Шпанија го достави списокот за потенцијалните 11 домаќини за Светското првенство во 2030 година. Овој Мундијал ќе биде мулти-континентален, а главни организатори ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко.
Најголем број натпревари ќе се играат на шпанско тло, а по освојувањето на Европското првенство во федерацијата не губеа време. Веќе одбраа 11 стадиони и ја испратија листата до ФИФА за домаќинството. Интересно е дека од списокот се изоставени стадионите во Валенсија и Виго, иако Шпанците притискаа да испратат 13 потенцијални домаќини.
Натпревари од Мундијалот во 2030 ќе ес играат на: „Аноета“ (Сан Себастијан), „Камп Ноу“ (Барселона), „Гран Канарија стадион“ (Лас Палмас), „Ла Картуха“ (Севиља), „Ле Росаледи“ (Малага), „Ванда Метрополитано“ (Мадрид), „Нуева Ромареди“ (Сарагоса), „РЦДЕ Стадион“ (Барселона), „Риазор“ (Ла Коруња), „Сан Мамеш“ (Билбао) и „Сантијаго Бернабеу“ (Мадрид).
За првенството Португалците ќе бидат домаќини на три стадиони, а Мароканците на двојно повеќе – шест. Се очекува и Португалија наскоро да ги потврди „Да Луж“, „Драгао“ и „Хозе Алваладе“ во Лисабон.